IMPACT ACADEMY Еразмус+ Проектот постигна значајна пресвртница во Работниот Пакет 2 со „Рамка за вештини за импакт“

Партнерите на IMPACT ACADEMY Еразмус+ Проектот, проект од областа на високото образование кофинансиран од Програмата Еразмус+ на Европската комисија, со гордост го објавуваат успешното завршување на Работен Пакет 2 (WP2).

 

Како дел од тековните напори за подобрување на професионалното образование и вештините за евалуација на импакт, IMPACT ACADEMY ја разви „Рамката за Вештини за Импакт,“ иновативен резултат што нуди стратешки пристап за мапирање на клучните компетенции потребни во оваа област. Рамката е дизајнирана за подобрување на знаењата и вештините на професионалците кои се вклучени во евалуација на импакт во различни сектори, со цел да бидат подготвени да се соочат со предизвиците на одржливиот развој.

 

КЛУЧНИ ПОСТИГНУВАЊА НА РАБОТЕН ПАКЕТ 2

  • Мапирање на Компетенции

Темелна анализа на вештините потребни за евалуација на импакт, земајќи ги предвид главните методи за евалуација кои моментално ги користат социјалните претпријатија. Детален преглед на овие методи е достапен на платформата на IMPACT ACADEMY, која им овозможува на студентите и другите корисници подлабоко да ги истражат овие методи.

  • Рамка за Вештини за Импакт

Основното постигнување на WP2, оваа рамка обезбедува структуриран, стратешки пристап за идентификација и мапирање на компетенциите потребни за ефективна евалуација на импакт. Таа се базира на длабоко разбирање на методите и алатките за евалуација и ги вклучува и специфичните вештини и трансверзалните компетенции кои се клучни за успех во оваа област.

 

Рамката е поделена во четири главни области на компетенции:

  1. Човечки и Социјални Вештини
  2. Граѓански Компетенции
  3. Статистички Вештини
  4. Вештини за Евалуација на импакт

Секоја област на компетенции е поделена на четири нивоа на капацитет — од основно до експертско, што им овозможува на поединците прогресивно да ги развиваат своите вештини и да напредуваат во својата професионална кариера. Оваа структурирана прогресија осигурува дека професионалците не само што стекнуваат основни знаења, туку и добиваат напредни вештини за поттикнување на иновации и инспирирање промени во областа на евалуацијата на импакт.

Рамката сега е достапна за преземање и понатамошно истражување на следниов линк:

За повеќе информации за IMPACT ACADEMY Еразмус+ Проектот и неговите постигнувања, посетете ја
www.impactacademyproject.eu или контактирајте не.